vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Горан Рафајловски: Секој што прима девизи на сметка од роднини од странство ќе биде „сомнителен“ за државата

ECA

Консултантот Горан Рафајловски за Сител истакна дека со новите законски измени со кој Управата за јавни приходи ќе може кога сака да ги проверува банкарските сметки на граѓаните, истите ќе бидат „сомнителни“ за државата при секое примање на подарок во девизи од страна на нивни роднини што работат и живеат во развиените земји во странство.

– Примањето на пари од роднини од странство се семта за подарок и тоа не подлежи на даночниот систем. Но, откако ќе се воведат најавените измени, граѓаните ќе мора да објаснуваат од каде им се тие пари кога УЈП непречено ќе ги проверува. Тоа е цената што треба да се плати за укинувањето на даночните пријави – коментира Рафајловски.

Со новите измени што ги најавува УЈП, практично се укинува „банкарската тајна“. Засега Управата за проверка на некоја сметка испраќа барање до одредената банка и податоцитете ги добива како одговор од таму. Во иднина УЈП ќе може самата да упаѓа во секое време во сметките непречено.

Loading...

Related posts