vesti24.mk
ВЕСТИ

Грција сеуште најатрактивна дестинација за Македонците

ECA
Над 275 илјади граѓани на Македонија ја посетиле Грција од почетокот на годинава до крајот на септември.

Според податоците на грчките статистички служби, бројот на македонски граѓани кои годинава ја посетиле Грција е за седум проценти поголем од лани, пренесува МИА.

Македонците начесто патувале во Грција поради туризам, бизнис и шопинг.

Од земјите во регионот, најмногу посети имало од Бугарија од каде во Грција дошле 858 илјади граѓани, што е зголемување за 27,5 проценти.

До крајот на септември, Грција ја посетиле и 142.000 граѓани на Турција, за 19,5 проценти повеќе од лани.

Намалување од 10,2 проценти е регистрирано кај граѓаните на Албанија.

Loading...

Related posts