vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Грујевски запишувал како треба да се однесуваат повиканите во Обвинителството

ECA

Нотесот на обивнетиот Горан Грујевски каде водел евиденција за сите  сведоци кои биле повикани во СЈО, е еден од доказите поради кои апелаицоните судии ја прифатиле жалбата на Јанева и му определија притвор на поранешниот прв човек на Петтата управа.

-Од предложениот доказ вештачењето на компјутерот, одземен од обвинетиот, произлегува дека истиот и во комјутерот запишувал на кој начин треба да се однесуваат повиканите лица во јавното обвинителство и на кој начин да одбегнуваат да дадат исказ и на кој начин да дадат исказ за да заштитат свој колега, се вели во соопштението на Апелациониот суд.

Но, освен за влијание на сведоци притоврот на Груејвски  му е определен и поради опасност од бегство, но и поради страв дека ќе ги повтори делата  поврзани со незаконско прислушкување и уништување докази, со оглед на тоа дека се уште работи во МВРи има можност за пристап до системот за следење на комикациите. Грујевски не дојде на јавната седница во Апелација, но дадениот збор пред судиите дека нема да бега го спаси екс директорот на УБК Сашо Мијалков од притовор, но не му го врати пасошот како што тој бараше. Судот оценил дека и со поблага мерка ќе се обезбеди присуството на Мијаков.

– Ставот на овој суд да ја прифати одлуката на првостепениот суд и да не го прифати предлогот на тужителот за определување на мерката притвор према обвинетиот, го поткрепува фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и даде ветување за негово присуство во постапката, соопштува Апелација.

И поранешниот близок соработник на Мијалков во УБК, Тони Јакимовски, кој сега е директор на антикриминалната организација „Селек“ во Романија  ветуваше дека нема да бега.  Судиите оцениле дека сепак постои таква опасност затоа што работи во странство и поседува дипломатски пасош, но и поради тежината на кривичните дела и му одредија притвор.

Третиот обивнет во „Тврдина -Таргет“ кој доби притвор е Никола Бошковски вработен во УБК. Образложението е  опасност од бегество, но и поради влијание врз сведоци. Од доказите во предметот судиите виделе дека им сугерирал на сведоци како да одговараат на прашањата во СЈО.

Адвокатите на тројцата обивнети што добија притвор  во текот на денешниот ден ги примаат одлуките на апелација и најавија дека во рокот од 24 часа ќе се жалат, а конечната одлука  е во рацете на Врховниот суд.  Според  одбраната, тоа што  Апелација се повикува на член 443 став 3  од зкп во кој конкретно не е наведено дали веднаш се спроведува притворот, е причина да се почека одлуката на Врховен  пред  да бидат однесени во истражен затвор. Според дел од правниците но и за обвинителот од СЈо Гаврил Бубевски не смее да се остави простор меѓу изрекувањето на мерката и нејзиното спорведување. Ова е последица на како што рече несреќната одлука на Врховен кој го укина притворот на бизнисменот Кочан во предметот Труст.

Срамна одлука на судот кој падна под партиски притисок реагираа од ВМРО ДПМНЕ. Одлуката за притвор е партиско полиитчка нарачка од СДСМ, рекоа на прес конферецијата пред Апелациониот суд.

За пратеникот од ДУИ Ејуп Алими и за  Исмет Гури обивнети во „Титаник 3“ жалбите на СЈО се одбиени и за нив нема притвор. Мерката притвор за нив е неоправдана одлучи и Апелација како и Кривчен .

Елена Ивановска Мукоска

извор:телма

Loading...

Related posts