vesti24.mk
СВЕТ

Хит! Сите гледале во неговите чорапи: Премиерот го запалил Давос со изборот на модната комбинација

ECA

Канадскиот премиер Џастин Трудо, ги шокирал светските лидери во Давос кога за момент ги кренал панталоните од оделото за да ги потегне чорапите.

Трудо е познат по тоа што сака да носи шарени чорапи.

Тој имено и пред два дена на една конференција носел воочливи сини чорапи.

Трудо во Давос во 2016. година носел темноцрвени чорапи со мртовечка глава и вкрстени коски под неа со флуоресцентно жолта боја, додека оваа година се одлучил за виолетови чорапи со крупни жолти патки.

Бидејќи го привлекол вниманието со своите шарени чорапи, Трудо од претседателот на една компанија добил чорапи со мечиња како подарок.

Трудо, меѓутоа, не е единствениот човек од Канада кој со своето облекување привлекол внимание во Давос.

Марјам Монсеф, канадската министерка за женски права, на конференцијата на Светскиот економски форум имала воочливи чизми со канадското знаме.

Трудо е познат и по тоа што чорапите ги одбира “дипломатски”, според човекот со кој се сретнува, па така во една прилика во Монтреал на состанок со довчерашниот премиер на Ирска, Ендa Кени, носел чорапи со ликот на Чубака од “Војна на ѕвездите”, бидејќи и самиот Кени е фан на тој филмски серијал.

Loading...

Related posts