vesti24.mk
ЗДРАВЈЕ

Хобија од кои ќе станете попаметни

ECA
Постои генерално разбирање, дека не е возможно на никаков начин да го подигнеме нашиот коефициент на интелегенција. Се верува дека дали сме паметни или не, е нешто што се добива со нашето раѓање и не можеме ништо да направиме во врска со тоа.

Но тоа не е точно. Хобијата се дел од нашиот живот, покрај тоа што можат да бидат забавни и возбудливи, тие можат да влијаат и на нашата интелегенција.
Ова се дел од нив.

Научете да свирите некаков музички инструмент.
Конфучие, пред многу време рекол-“Музиката создава таков вид на задоволство, без кое човечката природа не може“. Музиката го стимулира вашиот мозок и ова е потврдено преку многу истражувања.
Докажано е дека слушањето на музика и свирењето на музички инструмент, го зголемува капацитет на нашата меморија. Исто така, свирењето на инструмент ве учи на трпение и упорност, бидејќи потребно е многу време и труд за да научите да свирите. Покрај тоа, свирењето ја изострува вашата концентрација.

Читајте што е можно повеќе.
Доколку читате цело време, и се префрлувате на книги и текстови со различна тематика-од фикција и романи, до антологиски дела, докажано е дека го засилувате вашиот IQ. Читањето го намалува стресот, ви помага да почувствувате различни емоции, и ве учи многу нови работи поврзани со различни теми. Сите овие фактори ви помагаат да се чувствувате подобро во врска со самите себе. Читањето е особено важно и за да го проширите вашето знаење на одредени теми, за да се подготвите за секакви можни околности, и за да бидете продуктивни.

Медитирајте.
Најголемата придобивка од медитацијата е помошта за да се фокусирате и да се запознаете самиот себе. Медитацијата помага да го намалите нивото на стрес и да се ослободите од грижите. Релаксацијата која ја доживувате после медитација, помага мозокот да ви функционира на повисоко ниво и пефикасно да размислувате и планирате. Редовната медитација ќе ви помогне да имате целосна контрола над самиот себе, и ништо нема да ви го одвлекува вниманието.

Вежбајте.
Здравото тело придонесува да имате здрав мозок. Редовното вежбање помага вашето тело и мозок да функционираат како што би требало, ја намалува тензијата и ви помага да спиете подобро. Докторите се сложуваат дека поголема циркулација на крв во мозокот, значи и поголема мозочна активност. Исто така, докажано е дека кардио-васкуларните вежби создават нови мозочни ќелии, и со тоа го зголемуваат неговиот капацитет.

Научете некој нов странски јазик.
Учењето на нов јазик, никогаш не е лесна задача, но си има свои предности. Една од нив е дека ќе станете попаметни. Процесот на учење нов јазик, подразбира анализирање на граматичките структури на јазикот и учење на нови зборови, што ја зголемува интелегенцијата и здравјето на мозокот. Исто така, докажано е преку различни експерименти дека, луѓето со развиени вербално-лингвистички способности, се одлични при планирање, донесување на одлуки и решавање на проблеми.

hybread

Loading...

Related posts