АВТОМОБИЛИ

Хонда има голема новост: CR-V за европскиот пазар

ECA

Новата Хонда CR-V на европскиот пазар ќе пристигне без понуда за дизел мотори и се чини дека таквото решение на јапонскиот производител е во перфектно време со оглед на тоа што Германците веќе воведуваат забрани за дизел автомобилите.

Хонда на Саемот за автомобили во Женева ќе го претстави новиот CR-V кој што ќе пристигне во хибридна верзија, но не и со дизел мотори. Исто така, љубителите на Хонда можат да очекуваат и бројни новости, посебно во внатрешноста на автомобилот.

Главна карактеристика секако ќе биде освежената каросерија, но и нешто поголемите димензии и поголемото меѓуосовинско растојание. Според Хонда, шасијата на CR-V ќе биде најсофистицираната досега, а тоа би требало да се почувствува при возењето на автомобилот сите видови на терен.

Додека дизелот е исклучен, големо внимание привлекува хибридната i-MMD верзија која што под хаубата има 2,0-литарски i-VTEC бензински мотор кој што добива помош и од два електромотори. Оваа верзија сепак ќе биде достапна од следната година.

На есен ќе биде достапна бензинската опција со 1,5-литарскиот VTEC TURBO мотор. Менувачот е мануелен 6-степенски, а постои и опција за 7-степенски автоматски менувач. Силата се пренесува на предните тркала, а со достапниот Real Time AWD with Intelligent Control System, Хонда ќе нуди разни модови за возење на автомобилот.

Loading...

Related posts