ЦРНА ХРОНИКА

Хорор во Тетово: Татко сексуално се изживувал врз 14-годишната ќерка, за случајот алармирале нејзини другарки

ECA

Вчера во Полициска станица Тетово, директор на основно училиште во Тетово пријавил дека две ученички во 8-мо одделение му кажале дека нивната 14- годишна другарка била психофизички и сексуално малтретирана од страна на нејзиниот татко.

Во извршен разговор помеѓу директорот и оштетената истата го потврдила кажаното.

Извршен е гинеколошки преглед над оштетената и констатирано е дека нема видливи повреди, по што од оштетената е земен брис за вештачење.

Осомничениот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Loading...

Related posts