vesti24.mk
Uncategorized

Храна која ве штити од силните сончеви зраци

ECA
Иако одбегнувањето на сончевите зраци е најдобрата опција за заштита на кожата од штетните ултравиолетови зраци сепак постојат намирници кои можат да ја заштитат кожата од сонцето.

Докторката Нина Гоад од Британското здружение на дерматолози потенцира дека одредени студии покажале оти храната може да делува како умерена заштита од сонцето, но дека не треба целосно да се потпреме на храната и задолжителни се препарати за со заштитен фактор.

Што се однесува на храната која би требало да ја консумираме за да ја заштитиме кожата од влијанието на сонцето, експертите препорачуваат да јадеме црно чоколадно, домати, моркови, портокали…

Студија на Универзитетот во Лондон покажа дека темното чоколадно може да делува на нашиот организам како крем со низок заштитен фактор. За тој ефект се заслужни антиоксидансите кои се наоѓаат во овој продукт.

Доматите пак, содржат ликопен. Тој е антиоксиданс кој ја прави кожата отпорна на сонце. Истражувањата покажуваат дека лицата кои јадат еден домат дневно се до 33% поотпорни на изгореници од сонце. Доматите исто така го креваат нивото на проколаген во нашето тело и го спречуваат стареењето на кожата кое може да биде предизвикано од сонцето.

Храната како портокали, моркови, манго, дињи и кајсии се богати со бетакаротен. Ферманските научници во едно истражување утврдиле дека редовното внесување на оваа храна десетина дена пред да се изложите на сонце ќе го намали ризикот од алергии и иритации предизвикани од сончевите зраци

Витамините Ц и Е се подеднакво важни ако сакате да ја заштитите кожата од сонцето. Тие ја штитат кожата од појава на брчки и останати промени на нашето тело предизвикани од прекумерено сончање. Најдобар извор на овие витамини се цитрусите, боровинките, пиперките, кивите, јаткастите плодови и маслиновото масло.

hybread

Loading...