ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА СВЕТ

Илон Маск со еден Твит предизвика хаос на берзата, акциите на Тесла скокнаа

ECA

Милијардерот и генерален директор на „Тесла Моторс“, Илон Маск предизвика вистински хаос на берзата со само еден објавен Твит.

„Размислувам да ја приватизирам Тесла за по 420 долари. Финансирањето е обезбедено“, напиша Илон Маск на својот профил на социјакната мрежа Твитер.

Понатаму, во низа на Твитови објасни што точно сака да направи: Маск има намера да ги повлече акциите на компанијата од јавната понуда на берзата.Тој од постоечките акционери сака да ги откупи акциите по цена од 420 долари, а потоа да ја повлече компанијата од берзата и да ја направи приватна.

Акционерите би имале два избори – да ги продадат акциите на Маск по наведената цена или да ги задржат, но потоа без да имаат можност да тргуваат со нив на отворениот пазар.

После првиот Твит на Маск, акциите на „Тесла Моторс“ скокнаа за од 340-345 долари на 371,15, околу еден час се задржаа тука, а потоа повторно скокнаа на 379 долари. Компанијата инаку сега вреди 61 милијарди долари, а со цена од 420 долари по акција би достигнала 71,3 милијарди долари.

Илон Маск порача дека своите акции нема да ги продава и ќе остане генерален директор на компанијата. Исто така, тој се надева дека сите инвеститори ќе останат и после приватизацијата на „Тесла Моторс“ и овој потег ќе ја сопре негативната пропаганда.

Loading...

Related posts