vesti24.mk
Uncategorized

Има 200 милиони евра и може да има сè што ќе посака, но тој е зависен само од една девојка

ECA

Тој е еден од најталентираните фудбалери на денешницата и човек за чија заработка се зборува ширум светот, со оглед на тоа дека само за една недела заработува 600.000 евра. Неговите автомобили вредат околу 20 милиони евра, приватните авиони 14 милиони, неговиот имот е три пати повеќе од тоа и може да има сè што ќе посака. Но, тој е вљубен само во една жена.

Имено, Нејмар можеби е најпосакуваниот ерген на светот и човек на чии фудбалерски вештини се воодушевуваат сите мажи, но професионалниот успех воопшто не може да се спореди со љубовниот. После пет години врска, младиот бразилец ладнокрвно беше оставен од 21 годишната Бруна Маркезин за која се веруваше дека е жената на неговиот живот.

Раскинувањето следуваше откако заедно отишле на сафари во Јужна Африка, каде наводно ја запросил и бил одбиен. Но, ова не е крајот на оваа љубовна приказна.

Откако Нејмар со месеци се обидувал да ја заборави Бруна, таа продолжи со својот живот, ги избришала сите заеднички фотографии, но сепак дошло до пресврт. Парот во јануари се одлучил повторно да биде заедно, додека светските медиуми ја претставуваат оваа манекенка и глумица како “on-off” девојка на напаѓот на ПСЖ, со оглед на нивниот турбулентен однос.

Пред неколку месеци, близок пријател на Нејмар откри дека фудбалерот очајнички сакал да ја ожени Бруна и дека сакал тие да бидат следните “Пош и Бекс”. Се пишува дека фудбалерот е зависен од убавата манекенка, што дури секој би го донел истиот заклучок, откако ќе го посети неговиот Инстаграм профил.

“Тој ѝ дава до знаење дека таа е жената на неговиот живот. И таа беше заљубена во него, но не толку многу”, рече неименуван извор после последното раскинување.

извор:точка.ком.мк

 

Loading...

Related posts