vesti24.mk
КУЈНА

Имате вчерашен леб во кујна – не го фрлајте, употребете го!

ECA

Една векна леб треба да се изеде во просек за еден ден. За да се одржи свежината на лебот што подолго, чувајте го на темно место како дрвена кутија. Лебот на парчиња можете да го ставите во најлонски кеси со две парчиња целер кои ќе го омекнат овој пекарски производ. Истиот ефект ќе го постигнете ако во лебот ставите неколку свежи парчиња јаболко.

Имајте на ум дека лебот со непријатен мирис и видливи траги на мувла треба веднаш да се фрли  во ѓубре.

Сакате ли да го потрошите стариот леб кој се уште може да се јаде? Направете го следново:

-Најчест избор е да се направи со јајца и млеко односно т.н француски тост.

-Втората опција е само со јајца, направете пржени лепчиња.

-Лебот можете да го наполните со зачинети тревки, црно пиво и сирење и да се потпече во рерна. Или пак направете фини тостови со мешавина од мелено месо и сирење.

-Направете и нешто слатко, пудинг со шест парчиња стар леб, ставете малку суво грозје, екстракт од ванила, млеко, јајца и шеќер.

hybread

Loading...

Related posts