vesti24.mk
ЗАБАВА

Инстаграм профилот на австралискиот Хју Хефнер беше суспендиран поради несоодветна содржина

ECA

Познатиот Инстаграм профил “Candy Shop Mansion” е суспендиран поради несоодветна содржина. Профилот има околу 800.000 илјадници следбеници со околу 1.100 објави кои дел од нив биле провокативни, па уредниците на апликацијата Инстаграм морале да го суспендираат овој профил.

Ова суспендирање е поврзано со активностите на вилата Кендимен која ја поседува австралискиот плејбој Траверс Бенјон, кој воедно е директор на тутунската компанија FreeChoice.

Многумина сметаа дека Бенојн е “полоша верзија од Хју Хефнер”, со оглед на тоа дека, според неговите тврдења, секоја ноќ спие со најмалку четири девојки, и покрај тоа што е оженет.

Најчесто содржините на овој профил се провокативни, голи девојки кои позираат во костими за капење, долна облека или покрај Бејнон. После два дена Инстаграм профилот повторно беше активен.

Неодамна тој организираше забава во неговата луксузна вила на австралискиот Златен Брег, каде присутни беа разголени девојки, топлес диџејки и многу алкохол. Фотографиите биле споделени на социјалните мрежи, а неговите забави се полоши од оние кои ги организираше покојниот Хју Хефнер во Пјебој вилата.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts