vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Исчезнала ќерката на милијардерот: Тој не можел да ги задржи солзите пред новинарите

ECA

Мистеријата со исчезнувањето на 22-годишната Грејс Милане, туристка од Есекс која пред една седмица исчезнала од луксузен хотел во Оукленд, и натаму ги потресува новозеландската и британската јавност.

Грејс исчезнала на 1 декември кога пристигнала во Оукленд, една од станиците на нејзиното патување низ светот.

Полицијата по прегледот на надзорните камери утврдила дека последен пат била видена со еден маж, а потоа и се губи секаква трага.

“За жал сметаме дека госпоѓица Милане е во голема опасност”, порачале од полицијата.

Вчера нејзиниот татко, 60-годишниот Дејвид Милане, градежен милијардер, пристигнал на Нов Зеланд и одржал прес-конференција на која не можел да ги задржи солзите.

“Последен пат се слушнавме на 1 декември и многу сме загрижени. Таа е прекрасна, отворена, љубезна ќерка која го обожува своето семејство”, рекол низ солзи Милане.

“Никогаш не минало толку време, а да не се слушнеме. На Нов Зеланд пристигна на 20-ти ноември и не бомбардираше со фотографии и приказни од своите авантури”, рекол таткото, пишува “Daily Mail”.

“Страшно сме вознемирени и не можам да ви објаснам низ што минуваме”, порачал таткото, а потоа повеќе не можел да се воздржи и се скршил пред сите.

“Ве проколнувам, ако сте ја виделе Грејс или сте оствариле било каков контакт да ми се јавите бидејќи секој детаљ е важен”, низ солзи рекол таткото.

Детективот Скот Берд, кој го води случајот рекол дека Грејс последен пат била видена во 21:41 во сабота на 1 декември во хотелот “City Life”, а била во машко друштво.

Исчезнала ден пред својот роденден, а нејзиниот брат Деклан објавил емотивна видео снимка во која ги моли властите да направат се за неговата сестра да се врати дома.

Нејзиниот друг брат Мајкл рекол дека Грејс пред Нов Зеланд отишла во Перу со организирана група, но тогаш сама одлучила да оди на Нов Зеланд.

“Тоа беше нејзиниот сон. Да го обиколи светот”, рекол Мајл.

Нејзината последна објава на социјалните мрежи била ден пред нејзиното исчезнување.

“Мислам дека ова патување ме промени. Купив само некои фармерки”, напишала на Твитер.

Полицијата порачала дека продолжува потрагата по Грејс Милане, а неутешното семејство ги моли сите за помош.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts