vesti24.mk
ЖИВОТ

Исповед на човекот чиј татко заврши под тркалата на Цетински

ECA
Пејачот Тони Цетински(48) во петокот во попладневните часови во Пустата улица во Ровињ со автомобил го прегази Ибрахим Кевљанин (62). По повод татковата смрт се огласи и синот на Ибрахим, Адис, кој веќе 17 години живее во Австрија.

-Ми рекоа дека Тони го удрил Ибрахим додека стоел на патот, не лежел, како што некои поединци тврдат. Цетински во Ровињ го знаат по брзото возење, а на Јутјуб постои снимка каде тој вози брзо, токму по истата улица кај што го уби татко ми. И јас сум возел по улицата, знам дека таму секогаш мора да бидам внимателен, бидејќи таму постојано некој поминува-рекол синот Адис.

Додал дека Тони по несреќата не го ни повикал, а тоа не го напрвиле ниту неговите адвокати.

-Да е човек, би го свртел мојот број, би изразил сочувство. Не се удостои ни да се јави, тврди огорчениот Кевљанин, кој како што тврди, пред осум години го оперирал срцето и на ден пие по 14 таблети. После семејната трагедија, состојбата му се влошила.

Loading...

Related posts