vesti24.mk
ЉУБОВ И СЕКС

Италијанците го отворија првиот бордел со кукли за секс!

ECA

Сите термини во италијанскиот прв бордел со кукли за секс кој е отворен овие денови, се закажани и резервирани за неколку седмици однапред.

“LumiDolls” во италијанскиот град Торино наплаќаат по 80 евра за половина час сексуален однос со „многу реалистичните“ силиконски секс-кукли. Борделот во својата понуда има седум различни женски, како и една машка кукла која што го носи името Алесандро.

Куклите кои што се продаваат по цена и до 2 илјади евра, после „односот“ со клиентот, се перат по неколку часа, тврдат од првиот италијански бордел.

Посетителите можат да изберат и каква облека ќе носат куклите и може да нагласат во каква позиција да бидат пречекани во кревет.

„Нудиме речиси се што можете да го најдете во Камасутра книгите“, велат од италијанскиот бордел за тамошните медиуми. Куклите се користат во посебни соби со кревет, тоалет и телевизор на кој што се прикажуваат филмови за возрасни.

„Резервирани сме со седмици однапред, со неколку исклучоци“, велат од борделот кој што го управува шпанска компанија која што исто така има свои ограноци и во Барселона, како и во Москва.

Loading...

Related posts