vesti24.mk
Uncategorized

Избришани сите пораки на Закерберг на Фејсбук, иако корисниците ја немаат таа опција, Што крие?

ECA

Фејсбук ги избришал приватните пораки кои ги испраќал извршниот директор Марк Закерберг, како и на многу членови на извршниот менаџмент во текот на изминатите години.

Бришењето на пораките не е опција која Фејсбук ја нуди на “обичните” корисници, иако WhatsApp дозволува можност пораката трајно да се избрише.

Од компанијата велат дека ја донеле оваа одлука по познатото хакирање на мејловите на Сони во 2014 година, и поради загриженоста дека по неодамнешниот скандал околу протекувањето на податоци и Фејсбук ќе стане жртва на хакери.

Иако Фејсбук нуди опција да ја избришете сопствената порака, пораката сепак останува кај испраќачот. Меѓутоа, во случајот на Закерберг и одредени вработени во компанијата се избришани и пораките на оние со кои тие се допишувале.

Пораките на Закерберг биле упатени кон членови на компанијата, но и кон поединци кои работат во фирмата.

Loading...

Related posts