vesti24.mk
ЦРНА ХРОНИКА

Изгореа 21 илјада евра и 30 илјади швајцарски франци во куќа во Кичево

ECA

Во текот на вчерашниот ден во семејна куќа во село Србица, кичевско, избувнал пожар, соопштува полицијата.

Како што информира МВР, при пожарот во семејната куќа на 46-годишниот М.Л. изгореле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.

Огнот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица – Кичево, а увид извршила екипа од кичевската полиција.

Loading...

Related posts