vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

Излегол од затвор и му пресудиле: Убиен на истото место каде што пред 33 години брутално убил бебе

ECA

54-годишниот Дејвид Гаут е пронајден мртов во својот дом во Велс, а како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата се уште го нема откриено начинот на кој што тој бил убиен.

Три лица се уапсени под сомнение дека се вмешани во убиството на Гаут кој што е добро познат во тамошната јавност поради бруталното убиство на бебе кое што го сторил пред многу години.

Тој поминал 33 години во затвор поради мачење и брутално убиство на 17-месечниот син на тогашната негова девојка. 1985-та година, тогаш 21-годишниот Гаут го убил Чи Минг Шек додека неговата мајка била надвор. Тој го сокрил телото и се наместил да изгледа како да станува збор за несреќен случај.

Судијата кој што тогаш ја донел пресудата изјавил дека тоа е најлошото злосторство кое што некогаш било извршено во земјата.

„Убиената жртва беше невино бебе, а во текот на истрагата беше откриено дека бебето не само што било убиено, туку било и измачувано“, изјавил тогаш судијата.

Гаут пред неколку месеци, после 33 години поминати во затвор, бил пуштен на слобода, па се вратил во својот дом. Соседите за тамошните медиуми откриваат дека Гаут им признал дека лежел во затвор, но и натаму не признавал што точно му сторил на бебето.

„Најпрвин ни рече дека бил во затвор поради нешто што не го сторил, а потоа призна дека пред многу години застрелал некого. Меѓутоа, ние знаевме дека тоа не е вистина. Сите знаеја дека убил бебе и сите зборуваа за тоа“, изјавил еден од соседите.

Од полицијата соопштија дека пред да го ослободат лицето кое што сторило тешко кривично дело, се проценува дали неговиот дом е безбеден откако ќе излезе од затвор: „Истрагата е во тек, немаме коментар“, изјавил портпаролот на полицијата.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts