vesti24.mk
Uncategorized

Kазна од 3.300 евра за словачките новинари ако напишат ….

ECA

Kазна од 3.300 евра за словачките новинари ако напишат Велика Британија

Словачките новинари што пишуваат за брегзит се во шок бидејќи овие денови им стигнало предупредување дека ако земјата што заминува од Европската Унија ја нарекуваат само Велика Британија, може да бидат казнети со 3.300 евра. Во предупредувањето стои дека треба да се пишува Обединето Kралство Велика Британија и Северна Ирска, во спротивно казната ќе биде удвоена.

Брегзит ги извлече од словачките фиоки старите закони од времето на авторитарниот премиер Владимир Мечијар од 1995 година, во кои се стандардизирани називи и топоними што медиумите и државната управа мораат да ги употребуваат.

– Првенствено предупредуваме. Никого с` уште немаме казнето, но подготвени сме да придонесеме законот да се почитува – изјави за словачките медиуми претседателката на одделот за геодезија, картографија и катастар, Марија Финдрихова.

Одделот испрати до сите словачки редакции писмо во кое ги известува новинарите дека со пишување „Велика Британија“ го кршат законот, а единствениот начин да го скратат називот е ако пишуваат „Обединето Kралство“. Последново, според новинарите, е невообичаено не само за нив, ами и за нивните читатели.

Тамошните медиуми реагираат споредувајќи го времето во 95 година кога за соседна Чешка, иако целосното име е Чешка Република, новинарите можеле скратено да ја пишуваат само „Чешка“. Сега, пак, кога станува збор за Велика Британија, им се закануваат со казна д 3300 евра.

Парадоксот е што под удар на казната би можела да се најде и британската амбасадата во Братислава, која се изјасни дека за неа називот Велика Британија воопшто не е проблематичен, но сепак своето лого го изменила во „Амбасада на Обединетото Kралство Велика Британија и Северна Ирска“.

Loading...