Uncategorized

Kонвој на КФОР влезе во Македонија, причината непозната

ECA
Голем конвој на КФОР утрово влегол во Македонија на граничниот премин Блаце, пишува Прес24, јавува ИНА. Според информациите на агенцијата, станува збор за италијански трупи кои од преминот меѓу Македонија и Косово влегле во земјава.

Се уште нема информации со каква цел се влезени странските војници на македонска територија.

Одговор побаравме во МВР.

До овој момент, одговор на нашето барање, се уште нема. Според ИНА најверојатно трупите ќе се стационираат во близина на аеродромот Петровец во логистичка база на КФОР.

Нема сеуште официјална информација дали станува збор за тренинг на војниците на КФОР или нешто друго.

Loading...