ТРАВЕЛ

Како изгледа полетување на авион од пилотската кабина?

ECA

AirlinePilotVids објави видео во кое е прикажано како изгледа едно полетување, од пилотската кабина на авионот.

Снимката е од авион „Airbus A380“ на „British Airways“ што полетува од пистата на лондонскиот аеродром „Хитроу“ за Јоханесбург.

Авионот го управуваат капетанот Дејв Волсворт и копилотите Џереми Гудсон и Фил Гилеспи.

Капетанот признава дека има трема секогаш пред полетување иако го работи ова од 1989 година.

„На еден дел од мене уште не му се верува дека ми дозволиле да го работам ова. Ова е навистина остварување на сонот“, рече капетанот.

извор:кајгана.ком

Loading...

Related posts