vesti24.mk
ЉУБОВ И СЕКС

Како изгледа снимањето на секс сцена од филм?

ECA

Снимки од зад камерите на филмот „Stretch“ на Џо Карнахан покажуваат колку бизарно и нееротско може да изгледа снимањето на секс-сцена во филм. Смеењето на актерите, звуците од работниците и викањето на режисерот воопшто им помага на главните протагонисти да го извадат најдоброто од себе.

Краткиот клип ги покажува актерите Патрик Вилсон и Бруклин Декер во климаксот од нивниот „однос“, како пробуваат да го направат сексот на камера уверлив.

Сцената е снимена во мисионерска позиција, од клише агол кој ги фаќа во кадар актерите одблиску и странично, нешто што го имаме видено во многу, многу филмови. Во сцените во кои не е потребно да се види целото голо тело, актерите носат многу тесна долна облека.

За време на снимањето нема пауза, и за целото тоа време режисерот кажува шеги, останатите се смеат, па дури и помошник приоѓа до актерите за да ги навлажни со лажна пот.

Loading...

Related posts