БАЛКАН

Како се ликвидирани сведоците против Харадинај: Американски генерал ги откривал сведоците, Харадинај нарачувал да ги убијат

ECA

Американскиот генерал Стивен Шук, кој на Косово беше заменик шеф на Унмик, директно е одговорен затоа што се ликвидирани речиси сите сведоци во хашкиот процес против Рамуш Харадинај, пишува Мартин Хајперц во книгата „Макијато дипломатија“

Хајперц е советник во германската влада кој на Косово претстојувал како финансиски експерт во официјалната мисија на Меѓународната цивилна канцеларија, пишува „Српски телграф“ и помеѓу останатото, во книгата ја опишува спрегата помеѓу поединечни меѓународни претставници и мафијаши кои ја превземале власта во Косово.

Хајперц вели дека информациите за генералот Шук ги добил од висок комесар од ОН.

„Бившиот американски генерал Стивен Шук, а сега еден од највисоко рангирани луѓе тука во Унмик, има големо криминално досие и е тесно поврзан со овдешната елита. Покрај себе секогаш има две-три згодни девојки од Косово. Тој ги оддаваше имињата на крунските сведоци против Харадинај, кои потоа се убиени. Мојот познаник рече дека човекот мора некој да го трнге од патот ако тоа им одговара на повисоките инстанци“, пренесува Хајперц.

Српски „Телеграф“ пишува дека сега станува јасно зошто речиси сите сведоци против Харадинај, околу 30, еден по друг се ликвидирани, иако некои од нив имале и заштита и се криеја под лажни имиња, а сурово се убивани и членови на нивните семејства. Извештајот за сето ова и за вмешаноста на Шук наводно ја направила германската разузнавачка служба.

Српски „Телеграф“ наведува дека Хајперц во книгата напишал и сведоците ги „решаввал“ воениот другар на Харадинај, еден од лидерите на ОВК Фатмир Љумај, подоцна министер за сообраќај во владата во Приштина.

Љумај ѕверски ги мачеше и убиваче киднапираните српски цивили во селото Клечка. Во еден логор на работ на селото, затворениците се масакрирани со коса, а освен тоа еден дел од логорот е претворен во јавна куќа во кој затворениците, жени и девојки, систематски се силувани. Имаше преживеани соучесници кои беа спремни да дадат изјава, но само една од постапките против Љимај течеше со изгледи за успех.

„Главниот сведок во процесот, некогашниот надзорник на логорот детално ги документирал злочините, но во Дуизбург, каде се криел, во рамки на заштита на сведоци, е најден мртов во паркот кај Есенбершкото езеро. Потоа веќе немаше изјави кои би можеле да се употребат, па судот мораше да го затвори процесот против Љимај“, пишува Хајперц, кого посебно го погодило тоа што сведок е убиен во неговата земја.

Loading...

Related posts