vesti24.mk
СВЕТ

Кание Вест со нов скандал: Ропството е право на избор!

ECA

Познатиот рапер, Кание Вест повторно предизвика бура во светската јавност со неговото последно интервју дадено за таблоидот ТМЗ. Разговорот беше по повод неговиот нов музички материјал, но остатотокот од разговорот предизвика поголемо внимание.

– Ропство од 400 години? Па, тоа повеќе личи на личен избор! – рече Кание

Сопругот на Ким Кардашијан, кој често се вмешува во скандали, рече: „Ние живееме во духовен затвор. Ми се допаѓа зборот ‘затвор’, бидејќи терминот ‘робови’ е премногу поврзан со црнци!“

По предизвиканата полемика, Кание Вест ја продолжи темата и на социјалните мрежи.

Loading...

Related posts