vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

КАРАКАМИШЕВА:По кој член од Уставот пратениците го имаат право да менува вековно име, идентитет на Македонците, државјанство, култура, историја, традиција?

ECA

Професорката на Правниот факултет во Скопје, Тања Каракамишева смета дека власта повторно го крши правото и носи фалична одлука за распишување на референдум. Таа својот став го објаснува во статус на Фејсбук.

 

1. Одлуката за распишување референдум власта одлучи да ја донесе врз основа на чл.73, став 1 од Уставот без да му објасни на народот од кога тоа Собранието има надлежност да менува вековно име, идентитет на Македонците, државјанство, култура, историја, традиција? По кој член од Уставот пратениците го имаат таквото право, а Собранието таква надлежност? Нема такво право, нема таква надлежност! Денес пратениците ќе гласаат за уставно спорна одлука и треба да бидат свесни дека за постапките што ги прават ќе сносат одговорност еден ден! Договорот од Преспа го менува името на државата, го менува идентитетот на Македонците, нивната историја, култура и се што е македонско, прашања за кои Собранието согласно Уставот нема утврдена надлежност да ги менува. Ако пратениците мислат дека ќе се покријат со надлежноста да го менуваат Уставот се лажат бидејќи ниту еден Устав не смее да ја избрише целата историја, култура, традиција, идентитет на еден народ. Правото да се самоопределиме и да се самоидентификуваме како Македонци ни е загарантирано со меѓународното право, конкретно со чл.1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, како и со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права кои велат: “Сите луѓе имаат право на самоопределување. Согласно ова право тие слободно го определуваат својот политички статус и слободно го остваруваат својот економски, социјален и културен развој”. Станува збор за права заштитени со JUS COGENS нормите кои се однесуваат не само на народите и не само на нивните колективни права, туку се и ДРЖАВНО ПРАВО, односно меѓународно право на државата.Со договорот се повредува правото на достоинство утврдено во чл.1 од Универзалната Декларација за човекови права според кој “сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинството и во правата”, повреден е чл.1 од Повелбата на фундаменталните права на ЕУ каде стои дека “човековото достоинство е неповредливо. Мора да се почитува и да се заштитува”. Од друга страна, законот за ратификација на договорот се уште не е објавен во Службен весник на РМ што значи не може да биде содржан во референдумското прашање бидејќи чл.118, став 1 од Уставот вели дека Меѓународните договори ШТО СЕ РАТИФИКУВАНИ во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок…овој договор не е ратификуван во согласност со Уставот односно законот за негова ратификација се уште не е објавен во Службен весник што значи дека истиот не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата.
2.Одлуката се повикува на чл.73, став 1 од Уставот а не се повикува на ниту еден член од Законот за референдум што ја прави правно фалична и неупотреблива. Уставот не познава категорија “референдум за консултирање на граѓаните”. Тоа што не е наведен член/членови од Законот за референдум по кој власта ќе го организира референдумот остава простор за можни манипулации понатаму што најверојатно е цел на фаличната одлука. Власта е должна во одлуката да наведе по кој/кои членови од законот за референдум го организира референдумот за да граѓаните знаат што гласаат и како да го одбранат своето право понатаму. Плус за вакви тешки прашања во кои се споменува и ЕУ власта не смее да распишува консултативен референдум бидејќи го крши чл. 120 од Уставот каде јасно е утврдена постапката за носење одлука за стапување или истапување во сојуз или заедница со други држави.
3.Во чл.9, став 1, алинеја 3 и 5 од законот за референдум јасно е утврдено дека граѓаните одлучуваат на референдумот, тоа во одлуката никаде не е наведено, што значи власта прави уште една манипулација со граѓаните.
4. Референдумското прашање е повеќезначно бидејќи во себе има повеќе прашања што е спротивно на чл.15, став 4 од законот за референдум каде стои дека прашањето мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено. Ваквото прашање го повредува и Кодексот за добри практики за референдуми на Венецијанската комисија каде исто така е утврдена обврска на властите да поставуваат прашања што се јасни, прецизни и недвосмислени.

ВЛАСТА ПОВТОРНО ГО КРШИ ПРАВОТО И НОСИ ФАЛИЧНА ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ 1. Одлуката за распишување…

Posted by Тања Каракамишева on Monday, 30 July 2018

Loading...

Related posts