vesti24.mk
Uncategorized

Кејт Аптон позираше топлес на карпа, но голем бран ја “фрли” манекенката во вода

ECA

Деновиве Кејт Аптон престојува на островот Аруба каде снимаше фотосесија за мгазинот Спортс Илустрејтед, но за време на фотографирањето, каде позира топлес имаше мала незгода. Таа позираше на карпа од каде големите бранови ја отфрлиле, па буквално падна во морето и сè излезе на виделина.

25 годишниот модел, Кејт Аптон која беше на средина на снимање на фотосесија за магазинот Спортс Илустрејтед, силен бран ја отфрли од карпата па Кејт падна во морето.

Во видето, кое го објави Спортс Илустрејтед на својот Инстаграм профил, Кејт изгледаше прекрасно кога позираше на карпата. Моделот изгледа опуштено додека позира топлес пред објективот на фотографот, а нејзините атрибути ги сокрива со рацете, додека на долниот дел носеше златко бикини.

Како и да е, гламурозната сцена не траеше многу долго. Во моментот кога член од тимот отиде до неа за да ѝ даде обувки, голем бран ја отфрли манекенката од карпата.

Претходно, Кејт искрено зборуваше дека кога имала 18 години, сопственикот на модната куќа “Guess”, Пол Марсиано ѝ ги допирал градите за да почувствува дали се вистински. Таа ја даде оваа изјава на Твитер, обвинувајќи го 66 годишниот моден дизајнер за сексуално малтретирање.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts