vesti24.mk
ЗАБАВА

Ким Кардашијан ја сними седмата насловна страна за “Vogue”, а претходно ѝ рекле дека никогаш нема да позира за престижниот магазин

ECA

Старлетата Ким Кардашијан има цела армија фанови, но исто толку луѓе кои не ја поддржуваат нејзината работа, лик и дело. Па одлуката на уредничката Ана Винтур ги изненади сите, бидејќи таа одлучила Ким Кардашијан и Канје Вест да бидат на насловната страница на магазинот “Vogue”.

Додека многумина ја осудувале Винтур за нејзините потези, сметајќи дека со овој потег ја оспорила модата како уметност, но и угледот на магазинот, други ѝ предвидувале крај на кариерата.

Во меѓувреме ништо од овие прогнози не се случило. Ана останала на својата позиција, а Ким се појавила дури на шест насловни страници на “Vogue”, во шест различни земји, а сега е и на седмата насловна страна.

Ким Кардашијан го краси мартовското издание на Индијскиот “Vogue”, а интересно е тоа што добила две насловни страници.

Старлетата на првата фотографија позира во црвен фустан, со впечатлив каиш околу половината кој го нагласи нејзиното женствено тело, додека на другата насловна страница носеше класичен фустан од сатен со длабоко деколте.

Да се потсетиме, Ким прво ѝ беше асистентка на Парис Хилтон, па ријалити ѕвездата се прослави во порно снимката. Денес е славна бизнис жена, сопруга и мајка на три деца.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts