vesti24.mk
ЗАБАВА

Ким Кардашијан изгледаше повеќе од добро во жолто, но и таа го применува тајниот трик!

ECA

На претставување на новиот број на магазинот “Business of Fashion”, Ким Кардашијан се појави во навистина провокативна, екстравагантна тоалета во впечатлива жолта боја. Воедно, Ким ја покажа својата исклучително добрата фигура.

Старлетата блесна во винтиџ тоалета од брендот “Версаче”, чиј горен дел наликуваше на корсет, додека долниот дел откри длабок шлиц кој ѝ ја истакна ногата на најпознатата сестра Кардашијан.

Ова беше навистина “аутфит” за помнење, а Ким под фустанот го носела и популарниот мидер за затегнување, така наречен Spanx, кој нејзините облини ги држеше на своето место и направи нејзината фигура да наликува на песочен часовник.

Всушност, овој затегнувач е трик на поголемиот број на холивудски убавици додека се појавуваат на црвениот тепих и е одговор на прашањето: “Како сите тие тесни фустани им стојат толку беспрекорно?”

Овој затегнувач намалува дури 5 килограми, а омилен е и помеѓу послабите ѕвезди, бидејќи го подигнува задникот и го обликува телото, па го користат и Сара Џесика Паркер, Кејти Холмс, Кејт Винслет.

Loading...

Related posts