СВЕТ

КИНА СО УШТЕ ЕДНО ЧУДО ПРЕД СВЕТОТ: Успешно тестиран воз кој „лебди“ и достигнува 350 км/ч (ВИДЕО)

ECA

Кинезите во Пекинг тестираа нов модел на воз кој развива брзина од 350 км/ч. За неговото движење се користи магнетна левитација. Додека се движи, возот не ги допира шините, туку „лебди“ по нив. При таков начин на движење нема триење па не чуди брзината која ја развива.

Возот е долг 415 метри и влече 16 вагони, што е двапати повеќе од последниот модел. Возот целосно е дизајниран и изграден во Кина, а тестираниот модел ќе може да превезува до 1 100 патници одеднаш.

По извршените тестирања, овој воз ќе добие дозвола за услуги на патнички превоз. Веќе сега се знае дека оддалеченоста од 30 км ќе ја помине за пет до шест минути.

Кина има најразвиена железничка мрежа бидејќи третина од пругите поддржуваат возови кои развиваат брзина над 350 км/ч.

New longer Fuxing bullet train being tested

A new, longer Fuxing high-speed train is being tested in Beijing. #HighSpeedRailway

Posted by China Xinhua News on Saturday, 10 March 2018

Loading...

Related posts