vesti24.mk
Uncategorized

Коалицијата „ПАН“ на Косово ја прогласи победата на изборите

ECA
Коалицијата ПАН освои 35 насто од гласовите.

По одбројувањето на околу 90 насто од гласачките ливчиња, според неофицијални податоци Коалицијата „ПАН“ составена од Демократската партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Иницијативата за Косово (НИСМА) ја прогласи победата на изборите.

Косовската Централна изборна комисија (ЦИК) соопшти дека Коалицијата „ПАН“ освои 35 насто од гласовите.

По Коалицијата ПАК, на второ место се наоѓа Коалицијата на алтернативата составена од Демократската лига на Косово (ЛДК) и Алијансата за ново Косово (АКР).

Партијата „Самоопределување“ која самостојно влезе на изборите се наоѓа на трето, а Српската листа на четврто место.

Со утврдувањето на резултатите од парламентарните избори на Косово, приврзаниците на Коалицијата „ПАН“ и „Самоопределување“ одржаа две посебни прослави и митинзи во Приштина.

Во мај на Косово каде што стапката на невработеност изнесува околу 30 насто, на барање на опозицијата се одржа гласање за доверба на владата.

Со поддршка на Демократската партија на Косово која беше коалиционен партнер на владата, беше соборена владата поради што беше распуштено собранието.

Loading...