ЉУБОВ И СЕКС

Колку сексуални партнери жената смее да има?

ECA

Од некоја глупава причина, кога мажот менува многу партнерки со кои спиел тој е фраер. Меѓутоа, кога жената има голем број партнери – ја етикетираат како жена со лесен морал.

Жените обично имаат помеѓу 3 и 10 партнери. Доколку се вбројувате во оваа категорија, вие веќе знаете што сакате од мажот за кого ќе се врзете.

Жените кои имале од 10 до 20 мажи се со малку послободен дух и живеат живот без ограничувања.

Жените кои имале повеќе од 20 мажи предизвикуваат поделено мислење. Се забавуваат и пробуваат многу работи.

Сите знаеме дека овие различни мислења се јавуваат поради тоа што мажите додека се млади сакаат да се забавуваат со жени кои имале поголемо искуство. Меѓутоа, кога ќе посакаат да имаат сериозна врска или да стапат во брак, преферираат жена која е невина или имала мал број на партнери.

Некои жени сакаат секс со партнери за кои знаат дека немаат заедничка иднина. Ова го прават за да ги задоволат своите сексуални потреби и не им е битно дали ќе раскинат или страдаат.

Сметаме дека во иднина жените треба да имаат повеќе сексуални искуства пред брак, бидејќи денешните мажи се обидуваат да го одложат заедничкиот живот за што подоцна. Се надеваме дека и мажите во иднина ќе ги прифатат сексуалните искуства на жените како нормална работа и дека нема да ги отфрлуваат доколку жените имале поголем број партнери од нив.

Loading...

Related posts