vesti24.mk
ЖИВОТ

Колку заработуваат девојките на фудбалерите само од фотографирање?

ECA

И додека нивните избраници се натпреваруваат во тоа кој ќе постигне повеќе голови, ќе подели повеќе асистенции, или ќе создаде повеќе шанси, ќе одбрани повеќе голови, сопругите и девојките на фудбалерите најчесто имаат само една работа – да бидат убави и атрактивни.

Можеби не звучи убаво, но општо гледано тоа е вистината.

Секако, многу од нив се мега успешни и имаат изградено сопствени кариери, но поголемиот дел од нив се познати само затоа што се во врска со мегапопуларни играчи.

Доказ е Џорџина Родригез, која моментално е најпознатата поубава фудбалска половина.

Девојката на Роналдо, Шпанците ја избраа за кралица на Instagram, а по популарност е пред две познати шпански новинарки – долгогодишните партнерки на Серхио Рамос и Икер Касиљас.

Џорџина се стекна со популарност откако му стана девојка на Роналдо, а од ден на ден, бројот на нејзините следбеници на социјалните мрежи константно расте. На Instagram ја следат 3.7 милиони луѓе, а објавите и достигнуваат и повеќе од милион допаѓања.

Популарноста на своето момче знаела паметно да ја искористи, па така по една објава во која некого рекламира таа заработува и до 7.480 евра.

Во Шпанија втора по популарност е долгогодишната девојка на Рамос, Пилар Рубио, која по објава добива 4.800 евра.

На третото место е девојката на Икер Касиљас, Сара Карбонеро, која добива до 4.165 евра по објава. Зад нив е сопругата на фудбалерот Езеикел Гарај, Тамара Горо, која заработува по 2.580 евра.

Иако објавите на Џорџина најмногу вредат на социјалните мрежи, двојно повеќе следбеници има сопругата на Меси, Антонела Ракузо.

Колку и овие суми да звучат големи, во споредба со она што го заработуваат нивните сопрузи, тие се всушност безначајни.

Па така, само треба да се потсетиме дека Роналдо по една спонзорска објава често добива и повеќе од 300 илјади евра.

извор:кајгана.ком

Loading...

Related posts