vesti24.mk
Uncategorized

(ВИДЕО) Кошаркарската екипа на Фенербхахче шампион на сезоната 2016-2017

ECA
Честитки од државниот врв до екипата на Фенербахче за победаата и шампионската титула.

Машката кошаркарска екипа на Фенербхахче на натпреварите на финалната четворка на Евролигата Туркиш ерлајнс го совлада грчкиот противник Олимпијакос со 80-64 и стана шампион на сезоната 2016-2017.

На финалниот натпревар кој се одигра во спортската сала Синан Ердем во Истанбул, Фенербахче извојува историска победа. Жолто-сините уште од самиот почеток на натпреварот играа супериорно и особено со надворешните шутови постигна голем ефект така што првото полувреме на натпреварот го заврши со водство од 39-34.

Фенербахче ефикасната игра ја продолжи и во второто полувреме. Освен надворешните шутови со супериорноста што ја постигна со кошаркарот Удох под кошот, извојува победа со 16 кошеви разлика и стана најголемата екипа на Европа.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим по повод освојувањето на шампионската титула на кошаркарската екипа на Фенербахче им испратија пораки со честитки.

Претседателот Ердоган и премиерот Јилдирим на претседателот на спортскиот клуб Фенербахче Азиз Јилдирим му испратија телеграма со честитки и му честитаа за постигнатиот успех.

Министерот за младина и спорт Акиф Чагатај финалниот натпревар го проследи во живо од ВИП трибината.

Министерот Килич беше придружуван од страна на претседателот на Турската кошаркарска федерација Хидајет Туркоглу. Меѓу навивачите на ВИП трибината се наоѓаше и портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.

Loading...