vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ СВЕТ

Косово: Специјалци РОСА упаднале во станови на Срби во Косовска Митровица (ВИДЕО)

ECA

Припадници на специјалната единица на Косово РОСА, рано изутрината со повеќе возила во северниот делна Косовска Митровица упаднале насила и уапсиле четири лица. Портпаролот на косовската полиција изјаивл дека се уапсени во рамки на истрагата за Оливер Ивановиќ. За попладнево е закажан протест

Уапсени се полицаецот Драгиша Марковиќ, Саша Ѓуриќ, Марко Рошиќ и Неделко Спасојевиќ. Припадниците на РОСА упаднале во нивните станови, брутално ги натепале со кундаците од пушките и со нзое, па ги одвеле во полициска станица во јужниот дел од градот.

Претходно се слушнале и истрели од огнено оружје.

Горан Ракиќ, градоначалник на Косовска Митровица ги повикал КФОР да дојдат во северниот дел на Косовска Митровица и да му објаснат на народот тоа што вчера го кажале дека ќе држат сѐ под контрола и дека нема да дозволат преместување на силите на РОСА, не го исполниле. Ракиќ го повикал и претседателот на Србија Александар Вучиќ да ги спасат Србите во јужната српска покраина.

Рации биле извршени и во уште неколку делови од градот.

КФОР не планира интервенција.

извор:инфомакс.мк

Loading...

Related posts