vesti24.mk
СПОРТ

Крај на една голема ера: Иниеста по 20 години ја напушта Барса

ECA

Интерецни вести пристигнуваат од Каталонија. Имено, капитенот на Барселона, Андреас Иниеста, би можел да го напушти овој клуб после 20 години.

Како што тврдат каталонските медиуми, Иниеста на маса има неколку понуди од Кина и во наредните месеци ќе размисли околу тоа дали е време да си замине.

Наводно, Иниеста има прилика да добива годишно астрономски 35 милиони евра, со што би станал вториот најплатен играч на светот после Нејмар, кој во ПСЖ заработува пет повеќе.

Најголем интерес за него покажал Тијанџин, чии претставници веќе во два наврати ја посетиле Шпанија, за да преговараат токму со Иниеста.

Контакти биле остварени кон крајот на декември, а Кинезите очекуваат одговор до крајот на Март.

Иниеста јасно стави до знаење дека нема теорија да го напушти клубот во јануарскиот трансфер период, а со доаѓањето на Филипе Кутињо во клубот јасно е дека капитенот следната сезона би имал помала улога на теренот.

Кутињо оваа сезона нема право на настап во Лигата на шампионите, па Иниеста и понатаму ќе биде клучен во тоа натпреварување, а Ернесто Валверде планира да го одмара и чува за најважните натпревари.

За потсетување, Иниеста во текот на есента потпиша доживотен договор со Барселона, но според многумина на соработката долга веќе 20 години и се ближи крајот.

Loading...

Related posts