ЖИВОТ

Кралот на Инстаграм стана државјанин на Ерменија

ECA

Самопрогласениот крал на Инстаграм стана државјанин на Ерменија, а тоа го прослави во негов стил. Дан Билзериан и неговиот брат во понеделникот пристигнале во Ереван каде добиле државјанство во земјата од која всушност потекнуваат.

“Дан и Адам Билзериан само што учествуваа во церемонијата за добивање на ерменско државјанство”, напиша под фотографијата со браќата, шефот на Одделот за пасоши и визи на ерменската полиција.

Не е познато уште дали Ден и Адам мора да служат во ерменската војска, но сите машки граѓани во таа земја се должни да ги извршуваат националните должности или да се соочат со прогон, пишува Lad Bible.

“Граѓаните на Република Ерменија кои имаат двојно државјанство мора да учествуваат во одбраната на татковината”, пишува на официјалната страна на ерменската влада, а браќата би морале да платат казна од 3,6 милиони ерменски драми доколку сакаат да избегнат војска, што за кралот на Инстаграм тие пари се ситница.

View this post on Instagram

First day as Armenian citizen

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Но, Билзериан веќе се пријавил во војска со што докажа на социјалните мрежи. На една од објавите се гледа како пука со базука.

“Прв ден како граѓанин на Ерменија”, напиша тој.

Loading...

Related posts