vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Крвава воена вежба во Турција

ECA

Во несреќата во воената база во Турција за време на вежбањето со боева муниција, со тешко вооружување се повредени 25 војници, а седум се водат како исчезнати, соопштија од турското Министерство за одбрана.

Како што стои во соопштението, од Министерството откриваат дека несреќата се случила во воена база на турската армија во провинцијата Хакари која што се граничи со Ирак и Иран и каде што има чести воени судири на турската армија со курдските сили.

После несреќата, војниците веднаш биле евакуирани и пренесени во болница, а засега не е откриено за какви повреди станува збор.

Исто така, се испитува и кои се причините за несреќата, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на денешниот ден.

Loading...

Related posts