АВТОМОБИЛИ

Ламборџини се подготвува за наследникот на Авентадор: Пристигнува хиперспортски хибрид?

ECA

Кога станува збор за електрификацијата на автомобилите, популарната италијанска компанија заостанува зад големите производители на суперавтомобили, па дојде времето тоа да се промени.

И додека најголемите ривали како Ферари, Мекларен и Порше уште пред неколку години на пазарот лансираа модели со хибриден пого, Ламборџини дури сега ќе го претстави својот прв автомобил со електромотор.

Иако досега одолеваше на електрификацијата, италијанскиот производител ќе мора да го фати чекророт на пазарот, а идеална прилика за тоа ќе биде наследникот на популарниот Авентадор.

Токму за тоа на Саемот за автомобили во Детроит говореше директорот на истражувачко-развојното одделение во Ламборџини, Маурицио Реџиани.

„Кога на дневен ред ќе дојде новиот Авентадор, ќе мора да одлучиме на кој начин да го воведеме електричниот погон во автомобилите на Ламборџини“, изјави Реџиани кој додаде дека најмногу го загрижува дополнителната маса која што со себе ја носи електрификацијата во вид на погонски батерии.

Намалувањето на тежината ќе биде еден од предизвиците при производството на новиот Авентадор, со оглед на тоа што актуелниот автомобил има маса од 1,800 килограми. Тоа е повеќе дури и од веќе електрифицираните модели на Ферари и Мекларен кои што веќе покрај стандардниот бензински мотор имаат и електромотор и батерии.

Иако најголемите фанови на овој бренд се загрижени дека топ моделот на Ламборџини во иднина би можел да остане без препознатливиот V12 мотор кој што е заштитен знак на Авентадор, Реџиани порача дека тоа нема да се случи.

Со оглед на тоа што актуелниот агрегат V12 развива 740 коњски сили, се очекува наследникот на Авентадор да биде хиперавтомобил кој што со помош на електромоторите ќе произведува и до 1000 коњски сили.

Loading...

Related posts