vesti24.mk
СВЕТ

Лажна информација ја потресе Грција: Колера во акушерска болница во Атина

ECA
Атински обвинител наредил да се поведе истрага за да се утврди дали некој треба да биде обвинет за ширење на лажни информации по тврдењата на националниот синдикат на вработени во јавни болници ПОЕДИН, дека бактерија на колера била пронајдена во акушерската болница Хелена Венизелу во главниот град .

Наредбата на Илиас Загориос дојде еден ден откако Грчкиот центар за контрола и превенција на болести (КЕЕЛПНО) соопшти дека не може да ги потврди извештаите во кои се тврди дека имало појава на колера во болницата.

Во соопштението, КЕЕЛПНО информира дека досега спроведените лабораториски испитувања не дале доказ за присуство на бактерија на колера во примероците од водата во болницата и нејзината продавница за храна во подрумот, како што тврдеше ПОЕДИН.

Loading...

Related posts