vesti24.mk
ЗАБАВА

Лејди Гага позираше топлес

ECA

Лејди Гага овие денови ужива во милионските пофалби кои ги предизвика нејзината улога во филмот „A Star Is Born“, а во склоп на тоа и деталите од снимањето кои секојдневно се појавуваат медиумите.

Пејачката отворено зборувала и за својата борба со недостаток на самодоверба.

Гага признала дека е прилично несигурна во себе и во својот изглед и дека цел живот се бори со комплекси, а нејзината последна фотографија го тврди спротивното.

Имено, пејачката пред неколку дена позирала за „Elle“ магазинот и за потребите на снимањето се соблекла топлес. Во тесни кожа-боја фармерки и со капа на главата, ги сокрила градите со рацете и ја покажала совршената линија, на која можат да ѝ завидат многу девојки.

Нејзината фотографија собрала повеќе од милион лајкови, а бројот на комплиментите исто така не е мал.

Изгледа дека недостатоците за кои зборува Гага, ги гледа само таа.

Loading...

Related posts