vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА

Leaf добива наследник: Популарниот електричен автомобил на Nissan во ново руво

ECA

Nissan и официјално со тизер фотографија ја најави втората генерација на популарниот електричен автомобил на оваа компанија – Leaf.

Како што тврди јапонскиот производител на автомобили, најуспешниот електричен автомобил на светот кој досега е продаден во над 260 илјади примероци, го добива својот наследник пред кој тежок ќе биде патот за продолжување на успешниот пат.

Според првата тизер фотографија, јасно е дека новата генерација ќе има далеку помодерен изглед од претходникот. Според многумина, фотографијата открива дека Nissan ќе ископира многу сегменти од концептниот модел IDS кој што беше претставен минатата година на Саемот за автомобили во Женева.

Од Nissan засега не даваат одговор околу автономијата на новата генерација на Leaf. Според гласините кои што кружат низ јапонските медиуми, најчесто се говори за две опции, односно за две батерии од 40 и 60 kWh. Помоќната батерија се очекува на Leaf да му овозможи со едно полнење да помине до 500 километри.

Покрај тоа, се очекува и ProPilot, опција која ќе му овозможи на автомобилот самоуправување на автопатите при одредени брзини.

извор:точка

Loading...

Related posts