МАКЕДОНИЈА

Лекарите бегаат од Македонија

ECA
Младите лекари бегаат од државата. Според податоците на Лекарската Комора, од 220 студенти кои завршуваат медицина во Скопје, дури 173 бараат да одат да работат во странство.

Еснафските здруженија алармираат дека ако продолжи овој тренд, за неколку години ќе нема доволен број на матични лекари и педијатри за најмладите. Здруженијата бараат да  добијат повеќе пари и подобри услови за да можат да го задржат кадарот во државата. Од Комората предупредуваат дека старосната граница кај матичните е 59 години.

– За три години ќе имаме проблем ако не се направи нешто, ако тие луѓе не се стимулираат да бидат матични лекари а не доктори во странство. За тоа се и овие средби, да бидат мотивирани да останат во државата. Ние луѓето што  ги школуваме овде треба и да ги задржиме, вели др. Калина Гривчева Старделова, претседател на ЛКМ.

Одливот на кадар беше една од темите на кои  разговараа лекарската Комора и министерот за здравство. Најавија нова стратегија, но не кажаа со кои мерки ќе ги задржат помладите колеги.

Во меѓувреме, здруженијата на лекари од примарната здравствена заштита преговараат со Фондот и министерството. Матичните бараа минимална партиципација и промена на казнената политика, гинеколозите реагираат дека апаратите се скапи и им требаат повеќе пари а на дополнителен пакет инсистираат и педијатрите, кои според проценките, до 2020 ќе бидат само 13 во примарното здравство.

Loading...

Related posts