ЗДРАВЈЕ

Лекарите конечно кажаа што е поздраво: Да се туширате навечер или наутро?

ECA

Некои сакаат да се тушираат во утринските часови, некои во вечерните часови, а некои и наутро и навечер. Иако нема ништо погрешно со земање на туш два пати на ден, експертите велат дека е доволно да се истушираме еднаш на ден.

Поддржувачите на вечерните тушеви дури и не може да се замислат да  влезат во кревет со сите нечистотии кои се собрани во текот на денот.

Клинички психолог д-р Џенет Кенеди, експерт за спиење објаснува дека вечернто  тушираат е да се релаксираат напнатостите во мускулите, но дека тоа не треба да се прави непосредно пред спиење.

“Кога ќе бидете подготвени за спиење, телото нормално се лади а тоа се должи на забавување на темпото на срцето. Туширањето со топла вода  вештачки повторно прави да се подигне температурата која дополнително може да не разбуди. Тоа е добро за мускулна релаксација и тензија, но тоа не треба да се прави пред спиење, туку барем еден час и половина порано “, вели д-р Кенеди.

Оние кои претпочитаат утрински ритуал со тушот велат дека не постои подобар начин да се започне денот. Со туширањето се активира  циркулацијата и ве држи разбудени.

“Утрински туш особено се препорачува за оние кои тешко се будатт”, вели д-р Кенеди. Со цел да се постигне ефектот, лекарот препорачува туширање со млака, а не топла вода.

Долгите капења во топла вода доведуваат до сушење на кожата.

Во овие зимски месеци, многу луѓе сакаат да се тушираат во многу топла, дури и жешка вода. Но, д-р Голденберг вели дека оваа навика е многу штетна.

“Многу топла вода ги отстранува природните масла на кожата што служи како заштита, а кожата тогаш може да се иритира. Колку подолго ќе остане во топла вода, тоа е повеќе веројатно дека вашата кожа ќе стане сува.

Loading...

Related posts