vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Ловецот на богатство открил нешто што не му припаѓа на овој свет во длабочините на Бермудскиот триаголник

ECA

Дарел Миклош, ловец на богатство на ТВ каналот “Discovery”, користи тајни мапи на астронаутот Гордон Купер од НАСА во потрага по потонати бродови во Карипското море.

Во последниот проект за серијата “Cooper’s Treasure” тој на една непозната локација во Бермудскиот триаголник открил доказ за посета на вонземјани пред повеќе од стотици, а можеби и илјадници години.

“Пробав да идентификувам остатоци од брод користејќи информации од графите на Гордон кога забележав дека нешто отскокнува од сликата. Се шокирав”, изјавил Миклош и ги опишал џиновските краци кои штрчеле од објектот.

“Формацијата не личеше на она што досега сум го видел, трагајќи по потонати бродови. Беше огромна, личеше како борбен брод со пет краци, а секој од тие краци имаше димензии на топ”, истакнал тој.

Ловецот на богатство тврди дека постојат идентични формации во три различни области кои не изгледаат како да се создадени од страна на природата ниту човекот. Истражувачот открил дека целиот објект е прекриен со густи корали, за кои се смета дека се стари стотици, а можеби и илјадници години.

Фасциниран од ова откритие, Дарел Миклош решил посериозно да се занимава со документите на астронаутот и да побара нови одговори.

https://youtu.be/pwbwNa9Ti_U

Тогаш открил дека астронаутот Купер, на една од споменатите мапи означил локација со “неидентификуван објект” и не спомнал никакви историски остатоци.

“Сфатив дека тука постои нешто друго и дека Гордон мисли на тоа. Тој веруваше во вонземјани. Веруваше дека го посетиле жители на друга планета и веруваше дека многу од тие работи завршиле токму во овој дел од светот”, наведува Миклош.

Гордон Купер е еден од седумте астронаути кои учествувале во проектот “Mercury” и последниот Американец кој сам отпатувал во вселената. По завршување на кариерата во НАСА, тој отворено говорел дека верува во НЛО и тврдел дека власта ги крие информациите кои се поврзани со вонземските активности.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts