vesti24.mk
ЦРНА ХРОНИКА

Македонец споделувал фотографии од девојче на Фејсбук и пишувал дека сака да ја убие

ECA

Маж од Неготино со иницијали Д.С. споделувал фотографии од девојка на социјалната мрежа Фејсбук и пишувал закани по нејзиниот живот.

Како што информира полицијата, тој бил на издржување мерка задолжително психијатриско лекување во ЈЗУ„Психијатриска болница“-Скопје, поради убиство што го извршил пред пет години.

На неговиот профил на социјална мрежа објавувал фотографии од ќерката на пријавителот која била поранешна девојка на Д.С, и притоа објавувал сериозни закани кон нејзиниот живот.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Loading...

Related posts