vesti24.mk
ТРАВЕЛ

Македонија на нозе: Расте понудата за бесплатно сместување за деца со пп, самохрани родители и социјално загрозени семејства

ECA

За неполна недела од основањето на Фејсбук групата, Бесплатно сместување-Македонија, драстично порасна бројот на граѓани и хотели низ целата земја кои нудат бесплатно сместување. Почна со понуди од Охрид, а веќе има и понуди од Дојран, Берово…

Инцијаторите и модератори на групата се задоволни од досегашниот тек на работите, и јавно им се заблагодаруваат на сите кои до сега понудијабесплатно сместување на болни дечиња, самохрани родители и социјално загорозени семејства.

Сакаме јавно да им се заблагодариме на Вила Лидија-Охрид,Сион Апартмани-Охрид, Апартмани Џими-Охрид, Вила Вишни-Охрид, СараГа Апартмани-Охрид, Хотел Коцарев-Охрид, Хотел Македонија-Макоил-Дојран, Куќа Амика-Берово, Hello Travel-Охрид, Веселинка Георгиевска од Струга, кои за толку кратко време ги отворија вратите на тие што им треба.Ги поттикнуваме сите добри луѓе што имаат можност и средства да ја поддржат ова хумана акција и да дадат свој придонес. Има многу дечиња кои што чекаат со радост да отидат на одмор. Ајде мили луѓе да им помогнеме и да им укажеме дека се сакани и не се заборавени и отфрлени од ова општество, велат од групата.

КОЈА Е ИДЕЈАТА НА ГРУПАТА

Фејсбук групата, Бесплатно сместување-Македонија,се формираше соцел да им се помогне со бесплатно сместување на болни дечиња, самохрани родители и социјално загорозени семејства.

Доколку имате апартмани или викендици во Охрид, Дојран, Преспа, Маврово или било каде низ Македонија помогнете и овие наши граѓани да можат да си дозволат одмор барем на неколку дена, велат инцијаторите на групата.

Имате викендица или апартмани низ цела Македонија, сакате да понудите бесплатно сместување на болни дечиња кои што здравјето им е трајно нарушено, на самохрани родители или пак на социјално загрозенени семејства,на правото место сте.

Имате ресторани или маркети и сакате да донирате храна и играчки за децата слободоно пријавете се.

Издавачките куќи можат да се пријават со подароци на книги и сликовници за дечињата и смејствата.

Добредојдени се и превозници кои сакаат да помогнат со бесплатна превоз-услуга…

Ајде Македонијо,да се обединиме!!!, стои во објавата на групата.

Оваа група се формираше по идејата на балканската група Iznajmljivaci sa srcem, одличен пример кој треба да го следиме и во Македонија.

КОИ СЕ ПРАВИЛАТА НА ГРУПАТА

1.Оваа група е наменета за да се помогне на болни дечиња, на самохрани родители и на семејства од социјално загрозен карактер кој не можат да си приуштат одмор барем еднаш во текот на годината.

НАПОМЕНА-предност имаат деца по посебни потреби чии родители немаат доволно средства да им приуштат одмор.

2.На ѕидот на групата ќе се одобруваат постови од домаќините кои што го нудат бесплатниот престој,од угостителските објекти кои што нудат бесплатни оброци, од сите што сакаат да помогнат со дарување.

3.Домаќините во НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ ГО ОБЈАВУВААТ СВОЈОТ КОНТАКТ ТЕЛЕФОН, поради нивна заштита од злоупотребување на нивната добрина. Контат телефонот го доставуваат кај админите на групата.

4.Администрацијата на оваа група ќе составуваат приоритетна листа на оние кои им треба најмногу оваа услуга и заедно со домаќините ќе одлучуваат кои лица ќе бидат испратени.

5.Слики од болни деца нема да бидат дозволени поради нивната заштита.

Ве молиме да ги почитувате нашите правила, навреди, клевети и осудувања нема да се толерираат.

Ние се ангажираме и даваме се од себе да ја спроведуваме оваа акција во најдобар ред и Ве молиме не ни ја отежнувајте работата и бидете трпеливи, одиме чекор по чекор за да придонесеме насмевка на децата чиј живот воопшто не е лесен.

Со среќа и однапред Ви благодариме на вашата големина и човечност!, велат од групата.

извор:емагазин

Loading...

Related posts