vesti24.mk
ЗАБАВА

Македонски војници во новиот филм на Бред Пит- „War Machine”

ECA

Актерот Бред Пит има нов филмски хит. Филмот „War Machine” е сатирична воена приказна во која славниот холивудски глумец ја има главната улога.

Бред го толкува генералот Глен Мекмахон кој заминува за Авганистан за да стави крај на војната. Покрај него во филмот играат и Бен Кингсли, Тилда Свилтон, Топер Грејс и други познати актери. Филмот е сниман во Лондон, Абу Даби и уште неколку локации кои послужиле како замена за Кабул и пакистанските села.

Во неколку сегменти од „War Machine”, се појавуваат и македонски војници. Со оглед на тоа што филмот е сниман според книгата „Оператори“, каде што се зборува за воениот период од 2010-2012, не е воопшто чудно што дел од холивудскиот хит на Нетфликс се и македонските војници. Имено, во 2010 година како поддршка на ИСАФ (дел од НАТО), од Македонија во Авганистан беа испратени 242 Македонци како дел од воените сили.

Бред Пит за улогата на генералот ја промени бојата на својата коса. Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот:

извор:македонијаденес

Loading...

Related posts