vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Македонските возачки дозволи ќе важаат и во оваа Земја!

ECA

Предлог-законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачките дозволи, ќе се најде на дневен ред на утрешната, 38 седница на Владата.

Според потпишаниот договор, надлежните органи на двете држави реципрочно ќе ги признаваат возачките дозволи на возачите кои како туристи или комерцијални возачи управуваат со возило на територија на едната или другата држава. Воедно, граѓаните кои имаат регулиран престој согласно националното законодавство на двете држави, ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола од истата категорија и подкатегорија на другата држава, без да има потреба од полагање теоретски и практичен испит.

Се очекува овој чекор значително да ја подобри соработката на двете држави, поради фактот што голем број граѓани живеат или транзитираат преку Македонија или преку БиХ.

Loading...

Related posts