vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетник со џип се фрлил во реката Луда Мара 

ECA

На регионалниот пат Кавадарци – месност „Мушов Гроб“, на последниот мост од реката Луда Мара во селото Ваташа, вчера попладне во 17:15 часот патничко моторно возило „Лада Самара” со скопски регистарски ознаки управувано од 17 годишно лице од Кавадарци, во кое имало уште четворица сопатници, излетало од патот во речното корито.

Од незгодата со повреди се здобил возачот на возилото кој бил задржан на лекување во Општа болница Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Loading...

Related posts