ЖИВОТ МОДА

Манекенка на Викторија Сикрет покажа како изгледаат стапалата после една модна недела

ECA

Манекенката Џорџина Фоулер на социјалните мрежи сподели фотографија на која ја прикажа лошата страна на својата работа после една модна недела во Париз.

Ангелот на Викторија Сикрет објави фотографија од своите стапала преполни со плускавици  и модрици предизвикани од високите потпетици кои морала да ги носи за време на ревијата.

“Стапала од модната недела! Модрици од шетање на високи потпетици”, напишала Џорџина на фотографијата на Instagram Story за да објасни дека во манекенството не е сè како што изгледа.

View this post on Instagram

🌪

A post shared by GEORGIA FOWLER (@georgiafowler) on

Успешната манекенка неодамна изјави дека сè уште се обидува да не ги сфаќа сериозно критиките кои ги добива.

“За да добиеш работа воопшто не е важно да се биде најубавата девојка на кастингот, постојат многубројни причини поради кои можат да Ве ангажираат. Секогаш говорам дека треба да се сакаме самите себе и дека сè ќе биде во ред”, раскажа Џорџина за Vogue.

View this post on Instagram

❣️

A post shared by GEORGIA FOWLER (@georgiafowler) on

View this post on Instagram

That you Wilson? 🏐

A post shared by GEORGIA FOWLER (@georgiafowler) on

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts